ГУЛЕВ, Иван

ГУЛЕВ, Иван (с. Грмен, Неврокопско, 20. IX 1908 – Софија, 13. Ⅵ 1967) – припадник на ВМРО (Об), учесник во НОД во Пиринскиот дел на Македонија. Завршил Педагошко училиште во Неврокоп (1929), бил секретар на Организацијата на ВМРО (Об) во родното место (1931 – Ⅷ 1935). Уапсен и осуден (1936) во Процесот против ВМРО (Об). Учествувал во формирањето на Неврокопската партизанска чета (IX 1942), бил политички комесар на Неврокопскиот партизански одред „Анешти Узунов”, член и секретар на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај (по 9. IX 1944). ЛИТ.: История на благоевградската окръжна организация на БКП, София, 1979; Георги Джоджов (Драго), За кого пеят мурите, София, 1971; Енциклопедия Пирински край, И, А-М, Благоевград, 1995. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *