ГУГУВЧЕВСКИ, Михаил

ГУГУВЧЕВСКИ, Михаил (Тетово, 19. Ⅹ 1922 – Скопје, 27. Ⅻ 1975) – агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Дипломирал и се вработил на Земјоделскиот факултет во Скопје (1961– 1975). Докторирал на темата „Пораст и развиток на меката пченица (Тр. Аестивум Л.) во агроеколошките услови на Овче Поле” на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1969). Во НОБ учествувал од 1944 г., пред тоа бил вклучен на заднинска работа. Автор е на поголем број научни и стручни трудови. П. Ив. Марко Гугуловски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *