ГУБАР, СМРЕКОВ

ГУБАР, СМРЕКОВ. (Лѕмантриа монацха Л.) – средно голема ноќна пеперуга. Има дебело, кусо и влакнесто тело со широки крилја. Живее во иглолисни шуми. Презимува во стадиум на јајце. Гасениците се хранат со иглички од смрека и од бор, но напаѓаат и листопадни дрвја (бреза). Во поголеми популации предизвикува штети. Распространет е во цела Европа. Во Македонија овој вид се среќава поретко. ЛИТ.: Франз Даниел, Дие Лепидоптерен фауна Југослањисцх Мазедониенс. Ⅱ Бомбицес ет Спхингес, Посебно Издание, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1964, 2: 1-75 ; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *