ГУБАРИ

ГУБАРИ . (Лѕмантриидае) – ноќни пеперуги со дебело и кусо влакнесто тело и со широки крилја. Женките се поголеми од мажјаците; јајцата ги положуваат во пакети на дрвенести стебла. Гасениците се хранат со листови. Оваа фамилија опфаќа видови познати како големи штетници на шумите и овошните насади. Во Македонија се регистрирани 12 вида. Чест меѓу нив е видот обичен губар – Лѕмантриа диспар Л., чии гасеници се хранат со листови од многу листопадни дрвја и овошки. Во експлозија на популацииите, при оптимални услови, уништуваат огромни шумски површини. ЛИТ.: Франз Даниел, Дие Лепидоптерен фауна Југослањисцх Мазедониенс. Ⅱ Бомбицес ет Спхингес, Посебно Издание. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1964; Јонче шапкарев, Зоологија на Без’рбетните животни, Скопје, 1991; Владимир Крпац анд Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30. В. Т. К. – М. Кр. Смреков губар – ноќна пеперуга

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *