ГРЧКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА БАЛКАНСКА УНИЈА

ГРЧКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА БАЛКАНСКА УНИЈА (1942) – договор склучен меѓу монархистичките влади на Грција и на Југославија во егзил, под покровителство на Велика Британија. Со Договорот потпишан во Лондон (15. Ⅰ 1942) страните се обврзале по војната да формираат југословенско-грчка унија, отворена за пристапување на другите држави за создавање Балканска унија. Договорните страни ги утврдиле политичките, економскофинансиските и воените органи на Унијата. За поинаков статус на Македонија не станувало збор, се подразбирала положбата во рам-ките на предвоените граници на интегрална Југославија и на монархистичка Грција. Со развојот на настаните до крајот на Втората светска војна и со промените во двете држави, на Балканот и во Европа, грчко-југословенскиот договор останал само на хартија да сведочи за проекцијата на Велика Британија за посакуваниот повоен поредок на Балканот. ЛИТ.: Документи о сполјној политици СФРЈ 1941–1945, И, Београд, 1988. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *