ГРЧКО-ТУРСКИ ДОГОВОР ЗА МИР

ГРЧКО-ТУРСКИ ДОГОВОР ЗА МИР (Атина, 1/14. XI 1913) – договор со кој престанала важноста на Лондонскиот мировен договор (30. Ⅴ 1913), а се потврдувала важноста на билатералните договори, на конвенциите и другите акти што биле во сила во моментот на прекинувањето на дипломатските односи; им се давала полна амнестија за сите лица-учесници во политичките настани пред неговото потпишување; се обезбедувале сопственичките права и неповредливоста на официјалните документи за сопственост на недвижните имоти, како и исполнувањето на обврските за железничките линии СолунБитола и Солун– Александрополис. Биле потпишани и одделни протоколи: Протокол за оптирање за грчко државјанство на лицата од териториите што ги добила Грција и Протокол за недвижните имоти на отоманската држава во областа на Солун. ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори, Скопје, 2005. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *