ГРЧКО-ТУРСКА ВОЈНА

ГРЧКО-ТУРСКА ВОЈНА (1919 – 1922) – војна помеѓу Грција и Турција непосредно по Првата светска војна. Со намера да го принуди турското националноослободително движење, на чело со Кемал Мустафа, да го прифати Мировниот договор од Севр, Грција во 1920 г. презела големи воени дејства во Мала Азија. По првите воени успеси, грчката војска била поразена во битката кај р. Сакарија (август 1922). Со Лозанскиот мировен договор (1923) Турција ги добила: Источна Тракија (до р. Марица – Еврос), Смирна со околината и островите Имброс и Тенедос (Боскада). Грчкотурската војна $ ставила привремен крај на грчката големодржавна идеја за Грција како држава на два континента и на пет мориња. ЛИТ.: А. Вацалопоулос, Хистоире де ла Греце модерне, Парис, 1975; П. Гентизон, Мустапха Кемал оу л’ Ориент ен Марцхе, Парис, 1929; С. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981. Ст. Кис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *