ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА

ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА (1940 – 1941) – првата фашистичка воена агресија во периодот на Втората светска војна на Балканот. По првите воени успеси на почетокот на војната (1940), италијанската војска била принудена на повлекување длабоко во албанската територија. Грчката војска ја анектирала Јужна Албанија (Аргирокастро, Саранда, Москополе и други места) каде што, освен Албанците христијани (Тоски), живеело и грчко етничко малцинство. Македонците биле масовно мобилизирани и учествувале во битките кај Поградец, Иван Планина, Клисура и на други места. ЛИТ.: А. Вацалопоулос, Хистоире де ла Греце модерне, Парис, 1975; Хр. Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940-1944), Скопје, 1968. Ст. Кис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *