ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ШТАБ

ГРЧКО-АМЕРИКАНСКИ ШТАБ (1947) – заедничко грчко-американско воено раководство за борба против ДАГ. Со разгорувањето на Граѓанската војна во Грција (по повлекувањето на Велика Британија), САД во 1947 г. ја зголемиле воената и материјалната помош. Во Грција пристигнале воени советници на чело со ген. Џејмс фон Флит и бил формиран Грчко-американски штаб. Грчката војска била зголемена на 232 илјади војници, вооружена со модерно оружје и со авиони. Така екипирана и обучена кралската војска ги поразила единиците на ДАГ и ја осигурала власта за монархистичката влада. ЛИТ.: Л. Пановска, Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Крај на една илузија, Скопје, 2003; д-р Р. Кирјазовски, КПГ и македонското национално прашање 1918– 1914, Скопје, 1982; Г. Д. Кирякидес, Гражданская война в Греции (1946–1949), Москва, 1972. Ст. Кис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *