ГРЧКИ ПРОЕКТ

ГРЧКИ ПРОЕКТ (1782) – проект на руската царица Катерина Ⅱ и на австрискиот император Јозеф Ⅱ. Катерина Ⅱ му испратила на австрискиот суверен проект за поделба на османлиската држава (1782). Преписката за тоа траела скоро десет години. Со проектот се предвидувало: од Влашко и Молдавија да се создаде независна држава Дакија со православен владетел; по дел од Србија, Босна и Далмација да добие Австрија; а Египет да $ се понуди на Франција. Од остатокот на Балканот, Катерина предлагала да се формира грчко царство, на чело со нејзиниот внук Константин Павлович, кое смеело да стапи во унија со Русија. ЛИТ.: Владимир Дедијер, Интересне сфере, Београд, 1980; И. С. Достян, Россия и балканский вопрос, Москва, 1972. Д. Јов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *