ГРЧКА ПЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

ГРЧКА ПЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (август 1908) – политичка организација во Македонија. Биле основани грчки политички клубови во поголемите центри: Солун, Сер, Мелник, Демир Хисар (Серско), Костур, Битола и Струмица, со непосредно ангажирање на грчките конзули и на свештенството на Цариградската патријаршија. Покрај клубовите, биле основани и еснафски и добротворни друштва за проширување на организациската мрежа за пропагандно дејствување. Организацијата настапила со барања за потврдување на привилегиите на Цариградската патријаршија. Како главно политичко барање било поставено прашањето за нова административна поделба според потребите на народностите. Политичкото дејствување било антимакедонски ориентирано. Пред крајот на 1909 г. Грчката политичка организација започнала да дејствува и против младотурската власт. Во ноември властите ги затвориле грчките политички клубови и така запрела легалната дејност на Грчката политичка организација. Продолжило конспиративното дејствување и биле реактивирани андартските вооружени чети. ЛИТ.: Манол Пандевски, Политичките партии и организации во Македонија (1908–1912), Скопје, 1965. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *