ГРЧЕВ, Томе

ГРЧЕВ, Томе (Струмица, 1941) – професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и истражувач во подрачјето на електрохемијата. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1965), магистрирал на Технолошкиот факултет во Загреб, а докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1980). Имал повеќе студиски престои во Европа и во САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1969 г., а како редовен професор е од 1991 г. Пензиониран во 2006 г. Подрачја: физичка хемија, корозија и заштита на металите, електроспроводливи полимери и композити. Автор е на научни трудови, технички иновации и на истражувачки проекти. ЛИТ.: „Билтен УКИМ”, бр. 552 од 1. Ⅳ 1991 г.; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., 67. Св. Х. Ј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *