ГРЧЕВ, Георги

ГРЧЕВ, Георги (Кратово, 1885 – с. Чичево, Велешко, 30. Ⅰ 1912) – велешки реонски војвода, потпоручник. Завршил воено училиште во Софија и добил чин потпоручник. Бил назначен за заменик на велешкиот војвода М. Атанасов. По неговата смрт бил велешки реонски војвода. Загинал во борба со османлиските војски (1912) меѓу селата Чичево и Подлес, Велешко. ИЗВ. иЛИТ.: Освободителното движение в Македония и Одринско. Спомени и материали (Фототипно издание), Ⅱ, с. IX, София, 1983. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *