ГРЧЕВСКА, Ладислава Петрова

ГРЧЕВСКА, Ладислава Петрова (Скопје, 1. Ⅴ 1951) – интернистнефролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1999). Додипломски студии на Мед. ф., специјализација и супспецијализација завршила во Скопје. Магистрирала во 1981, а докторирала во 1987 г. шеф е на Одделот за етноструктурна процена на Клиниката за нефрологија. Нејзини подрачја на истражување се имунонефропатиите и гломерулонефропатиите. Има објавено над 400 труда. БИБ.: Коавтор: Псѕхонепхрологѕ, Тимисоара, 1995; Геронтонепхрологѕ, Тимисоара, 1995; Исхрана на бубрежни болни, Скопје, 1997; Современа геронтонефрологија, Варна, 1999; Современа дијагностика и терапија во медицината, Скопје, 2000; Интерна медицина, Скопје, 2002; Интерна пропедевтика, Скопје, 2004. Сл. М. П.