ГРЧЕВА, Ранка

ГРЧЕВА, Ранка (Скопје, 7. Ⅻ 1949) – преведувач, антологичар. Завршила Филолошки факултет во Скопје (германски јазик и литература). Професор на Филолошкиот факултет „Бл. Конески” во Скопје. Поважни преводи: Современи германски раскази (1976, со Д. Томовски); Австриската поезија на 20 век (1982, со Д. Томовски); Волшебниот рид, роман од Томас Ман (1987); Современа германска поезија (1994). П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *