ГРУЈОСКИ, Трајче

ГРУЈОСКИ, Трајче (с. Раково, Леринско, 19. Ⅷ 1921) – општествено-политички деец, еден од организаторите на НОБ во Битолско, политичар, судија и унив. професор. Бил член на СКОЈ и на КПЈ (1939), член на МК на СКОЈ во Битола (1941) и секретар на Обласниот комитет на СКОЈ. Бил борец на Битолскиот НОПО „Јане Сандански” (1942), инструктор на Леринскиот НОПО „Вичо”, политички комесар на чета во Битолскиот НОПО „Гоце Делчев” (1943), член на Вториот областен комитет на КПМ (1943) и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. По Ослободувањето дипломирал на Правниот и на Економскиот факултет, а потоа докторирал на темата „Битола – дејството на основните општественоекономски факори врз развитокот”. Бил редовен професор на Економскиот факултет и на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита во Скопје, директор на Уредот за статистика на НРМ, секретар на Извршниот совет на НРМ, сојузен секретар за законодавство и организација на власта на СИС, претседател на Републичкиот совет на Собранието на СРМ, потпретседател на Извршниот совет на Собранието СРМ, член на Сојузниот извршен совет, судија на Уставниот суд на СРМ, претседател на Претседателството на СЗБНОВ, член на ЦК на СКМ и републички пратеник. Неговите научни трудови се однесуваат главно на НОАВМ и на економскиот развиток на Битолско. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Битолските илегалци, Четириесет години 1941-1945, кн. 7, Скопје, 1963, 281–283; 50 години на СКЈ. Преглед на развитокот и дејноста на Битолската организација на СКЈ, Битола, 1969; Битолските народноослободителни партизански одреди, Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982, 13–43; Народноослободителната војна во Битола и Битолско во времето од 1 јануари 1943 до 4 ноември 1944 година, Битола и Битолско во НОВ 1943–1944, кн. прва, Битола, 1982, 21–49; школата при ПК СКОЈ за Македонија, Историските денови на Горно Врановци, Скопје, 1984, 154–156. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *