ГРУПЧЕ, Љупчо

ГРУПЧЕ, Љупчо (Охрид, 30. Ⅻ 1927) – биолог и екологист, унив. професор. По завршувањето на гимназијата (1946) се запишал на Групата по биологија на Скопскиот универзитет. Студиите ги завршил во 1951 г., кога е избран и за асистент. По докторирањето е избиран за доцент (1962), за вонреден (1967) и за редовен професор (1972). Учествувал на сите биолошки и еколошки конгреси во земјата, а во повеќе мандати бил претседател на Македонското еколошко друштво, во чија организација се реализирани повеќе актуелни научни трибини за заштитата на животната средина во Македонија. Го организира првиот стационар на комплексни научни истражувања во дабовиот плоскачево-церов екосистем во Националниот парк Галичица (1979/80), со што се удрени основите на екосистемските истражувања во Македонија. Има публикувано над 60 научни труда. Р. Орхидеја Групче ГРУПЧЕ, Орхидеја Љупчова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *