ГРУПЧЕВ Иќ , Коста Коче Ангелев

ГРУПЧЕВ Иќ , Коста Коче Ангелев. (Охрид, 1849 – Охрид, 1907) – слаткар-шеќерџија, национален деец, а потоа српски платеник. Бил син на преродбеникот Ангеле Групче, близок пријател со Григор Прличев, член на Ученичкото просветно друштво „Св. Климент“ во Охрид (1885) и еден од организаторите на Македонскиот Коста Групчев(иќ) таен комитет во Софија (1885), од бугарските власти окарактеризиран како „сепаратистички“, бидејќи се залагал „за самостоен културен и политички развој“. Со Наум Евров, В. Карајанов и Темко Попов се залагале за македонска национална црква и, со потпир на српската пропаганда, во Цариград се обиделе да издаваат „Македонски лист“ на македонски јазик (26. Ⅶ 1887). Подготвиле и буквар на македонски јазик (мај 1888), кој останал во ракопис, бидејќи српскиот амбасадор во Цариград го прифатил букварот на М. Веселиновиќ. Бил одговорен уредник и формален сопственик на „Цариградски гласник“ (14. Ⅰ 1895 – 1906), орган на тамошното српско дипломатско претставништво и раководител на централната српска книжарница во Цариград. Автор е на текстот „За Охрид и Охридското Езеро“. ЛИТ.: Д-р Климе Џамбазовски, Неуспел обид за издавање на „Македонски лист“ во Цариград 1887 година, „Современост“, ⅩⅣ, 10, Скопје, 1964, 1062-1067; Вера Антиќ, Две необјавени писма од Коста Групчевиќ во врска со Охридскиот заговор и Григор Прличев, „Гласник“, ⅩⅤⅠⅠ, 1, Скопје, 1973, 245–255; Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, 2, Скопје, 1983, 40 и 277; истиот, Портрети од македонската литературна и национална историја, И, Скопје, 1989, 198–199, 513, 538 и 542–545; Д-р Асен Групче, Охрид. Културниот живот и творештво во Охрид и Охридско во 20 век, Скопје, 1998, 208. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *