ГРУПЧЕВ, Иван

ГРУПЧЕВ, Иван (Охрид, 25. Ⅰ 1874 – Софија, 11. Ⅵ 1963) – учител, член на Охридскиот ОК на МРО. Ја завршил Егзархиската гимназија во Солун (1892). Член на МРО од 1894 г. Подоцна затворен и испратен на заточение во градот Синоп во Мала Азија (1903). По амнестијата, на крајот од 1904 г., се вратил во Охрид. Бил избран за член на Околискиот револуционерен комитет на Охрид (1905– 1907). Во времето на бугарската окупација (1915–1918) бил кмет во Охрид. ИЗВ. иЛИТ.: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание 1903, Хронолигия, София, 1983. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *