ГРУЕВСКИ, Мате

ГРУЕВСКИ, Мате (с. Лазарополе, Дебарско, 18. Ⅲ 1932) – композитор, аранжер и кларинетист. Од 1964 г. продуцент во Музичката продукција на МРТ. Создал над 100 авторски песни и над 400 аранмжмани на народни песни. Најголеми хитови: „Туѓино, јабано”, „Јано, Јанинке”, „Друга љубов не сакам”, „Ах, вие луди млади години” и др. Соработувал со најпознатите македонски пејачи (А. Сариевски, В. Илиева, С. Спасовска, П. Бавтировски и др.). Учесник на сите фестивали. М. Кол. Никола Груевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *