ГРУБИ, Блерим Гани

ГРУБИ, Блерим Гани (Блерим Гани Груби) (Скопје, 27. Ⅲ 1965) – унив. професор. Завршил средно музичко училиште во Скопје, а потоа дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Магистрирал (1999) и специјализирал и посетувал мастер-класи Блерим Груби кај проф. Ј. Башмет, на Академијата „Цхигана“ во Сиена (Италија). Од 1991 до 2004 г. работи во Македонската филхармонија. Настапувал на разни манифестации во земјата и во странство. Денес работи како професор на Државниот универзитет во Тетово и на Приштинскиот универзитет. БИБ.: Блерим Груби, виола, ЦД, Схкуп, 2006. А. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *