ГРОПЧЕ – Кочани

ГРОПЧЕ – Кочани .-. средновековна некропола на 3 км североисточно од Кочани. Случајно е откриена во 1974 г., а потоа ископувана во 1982 и во 1984 г. Гробовите се христијански, ориентирани з-и. Забележано е покопување со слободен закоп, цисти од плочи и гробови со венец од кршени камења. Гробниот инвентар се состои од накит. Некрополата се датира од половината на XI до преминот на ⅩⅠⅠⅠ во ⅩⅣ в. ЛИТ.: Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992, 129. Ел. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *