ГРОЗДАНОСКИ Ратомир

ГРОЗДАНОСКИ Ратомир (с. Брест, Мак. Брод, 15. Ⅴ 1959) – професор и протоѓакон. Завршил Богословија и Богословски факултет во Скопје. Бил на студии и во Солун, Атина и Даблин. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил секретар на САС на МПЦ; професор и декан на ПБФ. Близок соработник на поглаварите: Ангелариј, Гаврил, Михаил и Стефан. Членувал во разни синодски комисии и црковни делегации. Учествувал на научни симпозиуми и медиумски настапи и има над 300 свои написи, статии и научни трудови. Редактирал, рецензирал, уредувал и лекторирал книги и списанија со богословска содржина. Посебно ги обработувал егзегетиката и исагогиката на Новиот завет. Во оваа област има дадено значаен придонес. БИБ.: Евангелие според Матеј; Господовата молитва; Михаил А. О. и М.; Декалог; Стефан А. О. и М.; Библијата во делата на свети Климент Охридски; Евангелие според Марко; Послание до Римјаните; Географ. карта на МПЦ; Блаженствата; Свети апостол Павле и Македонија; Веронаука; Вовед во Новиот завет. А. Г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *