ГРОЗДАНОВ, Таско

ГРОЗДАНОВ, Таско (Белград, 24. Ⅱ 1951) – физичар, проф. истражувач (1992) на ПМФ во Бел-град. Дипломирал (1974) на Отсекот за техничка физика на ЕТФ во Белград. Магистрирал (1977) и докторирал (1981) на ПМФ во Белград со теми поврзани со судири на честички во атомската физика. Специјализирал во Ленинград и во Лос Анџелес, бил гостин-професор на универзитетот во Лос Анџелес и во Париз. Резултатите од своите теориски истражувања за својствата на атомските системи ги објавувал главно во меѓународни списанија. На ПМФ во Белград предавал за атомските и молекуларните спектри и за теоријата на расејувањето. В. Ур.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *