ГРИГОРИЈ ПЕЛАГОНИСКИ

ГРИГОРИЈ ПЕЛАГОНИСКИ (втората половина на ⅩⅤⅠ в.) – епископ прилепски и пелагониски, автор на макед. превод на зборникот „Сокровиште” од Дамаскин Студит. Името му фигурира во насловот на две слова, за неделите на Митарот и фарисејот и за Блудниот син. Спомнат е и во еден натпис во олтарот меѓу апсидата и ѓакониконот на црквата од манастирот Трескавец, со текст дека некој Стојан Хранчев со жена си дал да се украси олтарот во 1570 г. за време на еп. Григориј. Од појаснувањето на некои грч. зборови (на пр.: пханеротис нашим /е езџком жвленЈе), се гледа дека црковнослов. ј. го смета за свој. Јазикот на еп. Г. во основата е црковнослов. од српска редакција, кој во ⅩⅤⅠ в. бил заеднички за сите правосл. Словени на Балканот. Но во него се допуштени многубројни црти од западномакед. наречје (в. Крнински дамаскин). „Сокровиште“ се смета како основа за проникнување на дамаскинарската книжевност пишувана на народен јазик. Преводот го извршил во периодот меѓу 1570 и 1580 г. врз основа на едно од првите три венецијански изданија (1557–1562). Го превел на актуелниот црковнословенски јазик, со примеси од западномакедонскиот прилепско-битолски народен говор. Во палеославистиката се идентификувани 7 преписи од неговиот словенски превод, датирани од крајот на ⅩⅤⅠ и од ⅩⅤⅠⅠ в., а меѓу најстарите од нив и најцелосни е „Крнинскиот дамаскин“ од крајот на ⅩⅤⅠ в., пронајден од акад. Петар Илиевски во Крнинскиот манастир кај Кичево и се чува во Институтот за македонски јазик „К. П. Мисирков“ во Скопје (сигн. М-1). ЛИТ.: П. Илиевски, За македонскиот превод на Дамаскинот, „Македонски јазик”, 1-2, Скопје, 1960/61; Григориј Пелагониски како преводач од грчки, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет“, ЏЏИИИ, Скопје, 1971; П. Илиевски, Крнински дамаскин, Скопје, 1972; Р. Угринова-Скаловска, Дамаскини. Македонски преводи од 16 до 19 век, Скопје, 1975. П. Хр. Ил.; И. Вел. Виктор Григорович

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *