ГРАШЕВ, Георги Д

ГРАШЕВ, Георги Д. (Прилеп, 25. Ⅶ 1878 – Софија, 25. Ⅰ 1934) – член на ОК на ТМОРО. Завршил Егзархиска гимназија во Битола и словенска филологија на Универзитетот во Софија (1903). Учителствувал во Одринската гимназија (1903–1907), кога станал член на ОК. Потоа предавал во Женската гимназија во Солун (1909–1912) и во Втората женска гимназија во Софија. ЛИТ.: Алманах на завършилите висше образование в СУ „Кл. Охридски“ (1888– 1974), т. 1, София, 1975. Ал. Тр.