ГРАМОТИ

ГРАМОТИ -. официјални документи со правна содржина, најчесто издадени од царската канцеларија, но, исто така, и од други световни владетели (деспоти, болјари). Со нив се даваат привилегии на некои личности (обично на трговци за да патуваат и да тргуваат слободно) или, пак, се наменети за институции (најчесто манастири) со кои им се даваат во владение имоти или се потврдуваат правата, добиени претходно од друг владетел. Грамотите се интересни, пред сè, како историски споменици, но тие исто така содржат и значајна битова и административна лексика, како и топоними. В. Д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *