ГРАДСКИ ПАРКОВИ ВО РМ

ГРАДСКИ ПАРКОВИ ВО РМ – формирани меѓу двете светски војни или во педесеттите и шеесеттите години од ⅩⅩ в., кога развојот на градовите е плански насочуван. Првиот градски парк „Довлеџик” во Битола е подигнат 1860 г., но не е зачуван. Следуваат градските паркови во: Скопје (првиот дел, 1905–1908), Битола (1924– 1928), Прилеп (1925–1930), Велес (1923–1930). Во втората половина на ⅩⅩ в. се оформени градските паркови во: Скопје (50 ха), Струмица (8,4 ха), Битола (7,2 ха), Велес (7 ха), Штип (5,5 ха), Куманово (5,4 ха), Радовиш (5 ха), Охрид (5 ха), Свети Николе (2,5 ха), Прилеп (1,8 ха), Кавадарци (1,7 ха), Виница (1,2 ха). Во другите градови површините на градските паркови се помали и се движат до половина хектар. Поголеми се спортските паркови во: Скопје, Неготино, Охрид, Струга, Свети Николе, Радовиш и спомен-парковите во: Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Крушево, Гевгелија, Охрид. Историјатот на градските паркови во РМ го истражувале Орестие Крстиќ (1934), Славчо Средновековната тврдина Градок – Маркови Кули, с. Манастир, Мариовско Градскиот парк во Скопје Џеков (1954) и Драган шојлевски (1985). Белешки за постоењето простори за одмор и излетишта во и околу градовите оставиле патописецот Евлија Челебија (ⅩⅤⅠⅠ в., за Битола и за Охрид), турскиот географ Хаџи-Калфа (според П. Уранкар, 1930) и Мехмед Тефик (1911). Градските паркови се уредени во стилот на пејзажните паркови и обилуваат со разновидна дендрофлора, па некои од нив претставуваат мали ботанички градини. Ст. Х. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *