ГРАДИШТЕ, Глишиќ, Кавадаречко

ГРАДИШТЕ, Глишиќ, Кавадаречко – антички населбински центар. Долгиот рид што доминира за 80-тина метри над источниот раб на Кавадаречко Поле се протега во должина од 650 м (меѓу селата Глишиќ и Марена). Населбата на ридот имала минимални градски, повеќе рурални карактеристики, и очигледно не успеала да прерасне во градски центар. Била полуутврдена, со ниски и не особено цврсти одбранбени подѕидови и насипи. Посебно се истакнуваат: долгата тесна акропола на јужниот дел од ридот (420 х 100 м), двете источни станбени тераси и помалата северна тераса населена интензивно во железно време. Вкупната површина изнесувала повеќе од 10 ха. На теренот се гледаат интензивни материјални остатоци од античките културни хоризонти, тегули од лаконски тип, доцнохеленистичка и раноримска грнчарија, теракоти, ситна бронзена пластика. Откриени се и монети на македонските кралеви и градови, како и ризница на римски републикански денари од Ⅱ – И в. пр.н.е. Големата некропола од римско време на локалитетот Белград $ припаѓала на утврдената населба на Градиште. ЛИТ.: А. Керамитчиев, Нумизматичка остава од село Глишиќ (Кавадарско), „Гласник”, ИНИ, ⅩⅤⅠⅠ/3, Скопје, 1973, 151161; И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 174-175. В. Л.