ГРАДЕШКА ПЛАНИНА

ГРАДЕШКА ПЛАНИНА – средновисока планина со динарски правец на протегање сз–ји. Се наоѓа помеѓу долината на реката Вардар на запад и Криволакавичката Котлина на исток. Нејзиното било е заоблено и од него во нејзиниот северен дел се издигнуваат неколку врвови повисоки од 1.000 м: највисокиот Вршник (1.031 м), Јамички Врв (1.030 м), Пожар (1.003 м). Кон југ постепено се спушта во ниската планина Плауш. Зафаќа површина од 56 км². По нејзините планински страни се развиле неколку постојани и повремени водотеци, од кои најпозната е Градешка Река. Т. Анд. Карта на тврдината Градиште до с. Градец со најдени монети

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *