ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ, Скопје

ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ, Скопје – највисока научнообразовна институција од градежништвото кај нас, членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Студиите по градежништво на Универзитетот во Скопје датираат од неговото формирање (1949) кога е основан Техничкиот факултет, со два оддела – Градежен и АрхитектонГрадежниот факултет во Скопје ски. Наставата започнала со ангажирање кадри школувани во странство и специјалисти од други републики во Југославија. Во 1965 г. е основан Архитектонско-градежен, за во 1975 г. да се формира Градежен факултет. Наставната, научната и апликативната дејност се обединети во единствен процес. На трите насоки – Конструктивна, Хидротехничка и Патишта и железници – и на Геодетскиот оддел, дипломирале над 4.000 студенти, магистрирале 85 кандидати, а докторирале 55. Љ. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *