ГРАВ

ГРАВ . (Пхасеолус вулгарис Л. Сави.) – едногодишно растение од фам. Фабацеае, со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (Пх. вулгарис), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач). Според формата на Грав семето, постојат пет вида (спхерицус, елиптицус, облонгус, цомпресус и субцомпресус). Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 ха. Кај нас е застапен на 4.500-5.000 ха во чист посев и на 8.000-9.000 ха во здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура о е 20–22 С. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност: белковини (26%); масти (2%); јаглени хидрати (52%); минерални материи (2,5%); витамини (Б , Б ,С, Е, К, ПП) и аминокиселини. Д. Ј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *