ГОЧЕВА, Каролина

ГОЧЕВА, Каролина (Битола, 28. Ⅳ 1980) – интерпретаторка на популарна музика. Својот прв настап го има на 11 години на фестивалот Макфест со песната „Мамо пушти ме”. Учествува на многу Каролина Гочева фестивали во земјава и во странство, на кои освои низа награди. Во 2002 г. беше македонски претставник на натпреварот за Песна на Евровизија, со песната „Ма ајде кажи ми”. Има испеано неколку десетини детски и популарни песни од најпознатите македонски автори и аранжери. Голем број од нив станаа хитови („Кој да ти каже”; „Кога те нема”; „Мамо пушти ме”; и др.), а дел се издадени на повеќе албуми. М. Кол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *