ГОРСКИ ШТАБ НА СРПСКИТЕ ЧЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГОРСКИ ШТАБ НА СРПСКИТЕ ЧЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА (1912) – штаб на припадниците на српската четничка организација „Народна одбрана”. Бил формиран пред почетокот на Првата балканска војна. Во војната раководел со Козјачкиот одред и дејствувал на подрачјето на КозјакСкопска Црна ГораКрива Паланка, во составот на Првата српска армија. По формирањето на Реонски горски штабови, бил преименуван во Главен штаб за Македонија. Поречкиот горски штаб формирал Поречки одред, а Горскиот штаб за Азот формирал Прекувардарски одред. Вкупната бројна состојба на двата одреда изнесувала ок. 400 луѓе. штабовите биле составени од српски офицери, четници и локални војводи. ИЗВ.: АВИИ, Пописник 2, кут. 10, О.бр. 1568, 24. XI 1912 г. В. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *