ГОРНОЏУМАЈСКО ВОСТАНИЕ

ГОРНОЏУМАЈСКО ВОСТАНИЕ (1902) – предизвикано од вооружени чети на Врховниот македонско-одрински комитет (ок. 500 лица), предводени од бугарските офицери генерал Иван Цончев, полковник Стефан Николов и др. Востанието започнало на 23. IX 1902 г. во с. Железница, Горноџумајско. Судирите се прошириле во селата Србиново, Градево, Бистрица, Крупник и др. Помали судири имало и во Малешевско, Струмичко, Петричко, Мелничко и Разлошко. Во Востанието зеле учество околу 2.000 селани. ТМОРО се ангажирала за локализирање на Востанието. При задушувањето на востанието од војската и од башибозукот настрадале 15-тина села; многу куќи биле ограбени и запалени, населението било жестоко тероризирано, околу 2.000 лица избегале во Бугарија. Горноџумајското востание ги предизвикало Февруарските реформи во почетокот на 1903 г. ЛИТ.: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт. Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает (1893–1903), Скопје, 2003. В. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *