ГОРНОЏУМАЈСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „НИКОЛА КАЛАПЧИЕВ“ во Пиринскиот дел на Македонија

ГОРНОЏУМАЈСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „НИКОЛА КАЛАПЧИЕВ“ во Пиринскиот дел на Македонија (В 1943–Ⅷ 1944) – партизанска единица формирана (1941) од партизани и новопристигнати борци од Горноџумајско (ок. 50), со командант Ар-со Пандурски и политички комесар Стојне Лисијски. Дејствувал во реонот на планините Рила и Пирин. Кон крајот на 1943 г. бил поделен на два дела: едниот дел дејствувал на десната страна на р. Струма за да воспостави врски со партизанските единици од Вардарскиот дел на Македонија. Во борбата кај с. Лисија (29. Ⅰ 1944) претрпел тешки загуби. Пролетта (1944) извршил бројни оружени акции и кон средината на ав-густ (1944) влегол во составот на Рилско-пиринскиот одред. Како доброволечка единица влегол во регуларната армија на Отечественофронтовска Бугарија. Во битката против германските сили кај с. Ѕвегор (Делчевско) загинал речиси целиот раководен кадар. Борците зеле учество во борбите за ослободување на Македонија и Југославија. ЛИТ.: Стојне (Дончо) Лисийски и Кирил Граменов, Въоръжената борба в Горноджумайска околия през периода 22 •ни 1941 – •ли 1942, „Военно-исторически сборник”, ИЏЛ/3, София, 1972; Георги Т. Мадолев, Въоръжената борба в Пиринския край 1941–1944, София, 1966. В. Јот. Горна Џумаја (Благоевград) (1902)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *