ГОЛЕМ ГРАД

ГОЛЕМ ГРАД – остров во Преспанското Езеро. Се наоѓа јужно од с. Конско на оддалеченост од 4,5 км од брегот. Голем Град е најголем остров во РМ со површина од 0,275 км². Од сите страни е обвиен со стрмни клифови високи 10 – 20 м, поради што е непристапен, освен на едно место од северозападната страна. Претставува хорст со ромбоидна форма што има правец на протегање сси–јјз. Должината му е 900 м, а ширината 600 м. Највисоката точка на островот е 901 м. Островот, како осамена плоча над езерското ниво, се издига на 47 м. Геолошки, островот му припаѓа на западниот преспански брег и од него тектонски е одвоен. Островот претставува античка населба и средновековен манастирски комплекс. Населбата во антиката $ припаѓала на областа Орестида во Горна Македонија. Истражувања се вршат од 1967 г., а населбата е потврдена со откривање на станбени објекти од хеленистичкиот и од римскиот период, цистерна од Ⅳ в. и три некрополи (антички од Ⅳ в. пр.н.е. и од И–Ⅶ в. и средновековна од Ⅹ–ⅩⅣ в.). Од сакралните објекти се истражени три базилики од В– Ⅵ в. и четири цркви од ⅩⅠⅠⅠ–ⅩⅣ в. Најдобро е зачувана еднокорабната црква „Св. Петар”, живописана во ⅩⅣ в., каде што се наоѓа ретка илустрација, претстава на освојувањето на Цариград, опеана во песната „Акатист на Богородица”. ЛИТ.: В. Битракова-Грозданова, Ископувања на Голем Град, 1981-1986, МАА, 10, Скопје, 1989, 101-133; Еадем, Голем Град де Преспа, „Спартацус”, Ⅱ, Сѕмпосиум 2002, Сандански, Велико Трново, 2006, 11-20; Цв. Грозданов, Композиција Опсаде Цариграда у цркви Светог Петра на Преспи, ЗЛУ, 15, Нови Сад, 1979, 277-287. В. Б.-Гр.‡Т. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *