ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО

ГОЛЕМО ПЕЛИСТЕРСКО ЕЗЕРО – постглацијално езеро. Се наоѓа во изворниот дел на Езерска Река, лева притока на р. Сапунчица, источно од врвот Вртешка, на н.в. од 2.218 м. Настанато е со заемно дејство на ерозивните и акумулативните глацијални процеси, во преиздлабениот дел на циркот, кој од јужната и источната страна е заграден со моренски бедем, чија должина изнесува 320 м. Во правец југозапад-североисток езерото е долго 223 м, а најголемата ширина во правец ји–сз изнесува 166 м. Вкупната должина на езерскиот брег изнесува 785,25 м, а во овие рамки тоа зафаќа површина 2 од 42.000 м . Најголемата длабочина изнесува 14,5 м, според која тоа е трето по длабочина природно езеро, а најдлабоко планинско езеро во РМ. Во базенот на ова езеро се акумулираат вкупно 3 185.374 м вода. ЛИТ.: Драган Василевски, Пелистерски Езера, Тетово, 2006. Др. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *