ГОЛЕМА ТУМБА

ГОЛЕМА ТУМБА . (с. Добромири) – неолитска населба. Се наоѓа во близина на Црна Река, на 1,5 км северно од селото. Висока е 3 м со основа од 210 х 100 м. Во 1977 г. Музејот во Битола извршил пробно сондирање при што биле констатирани два хоризонта на живеење со остатоци од изгорени куќи и предмети од материјалната и духовната култура од времето на средниот неолит на Велушко-породинската културна група (Ⅲ–ИВ). Посебно се интересни садовите-жртвеници во облик на куќа, кои, според применетата ликовна концепција, се издвојуваат од досега откриените модели во породинската и другите населби во овој дел на Пелагонија. ЛИТ.: Драгица Симоска – Воислав Санев, Неолит во Централна Пелагонија, Ката-лог, Битола, 1976, 40. В. С. Големата Мајка Божица, Тумба кај Маџари, Скопско

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *