ГОЛЕМА СРБИЈА

ГОЛЕМА СРБИЈА (1844-1999) – српски проект за „Голема Србија”. Првиот ваков проект, насловен како „Начертание” (од Илија Гарашанин, министер за внатрешни работи) се појавил во 1844 г., а владејачките кругови на Србија го прифатиле како трајна определба и како цел на српската државна политика. До создавањето на Балканскиот сојуз и со операционализацијата на проектот (1861-1912), Србија пет децении водела преговори и склучувала договори со конкурентските држави Грција и Бугарија за освојување и за поделба на Македонија и на другите балкански владенија на Отоманската Империја. Во Првата балканска војна (1912) Србија го окупирала Вардарскиот дел на Македонија. По Втората балканска војна против Бугарија и поделбата на окупираните територии, со Букурешкиот мировен договор (10. Ⅷ 1913), Србија извршила анексија на Вардарскиот дел на Македонија. Пред крајот на Првата светска војна, во новата меѓународна констелација, проектот „Голема Србија” бил заменет со проектот „Југославија”, троимена држава на Србите, Хрватите и Словенците. Со Нејскиот мировен договор (1919) Србија територијално се проширила со територии што $ биле доделени од Бугарија и со Струмичкиот Границата на „Голема Србија” според меморандумот на Српската академија на науките и уметностите (1986) крај од Македонија. По капитулацијата на Југославија (1941), во Србија бил реактивиран проектот „Голема Србија”. Четничкото движење на Дража Михајловиќ дејствувало за создавање „Голема Србија” во која, според мапата објавена на од 28. Ⅵ 1941 г., биле вклучени: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Далмација, поголемиот дел од Хрватска, подрачјата на Сегедин, Баја и Печуј од Унгарија, Темишвар и Рашице од Романија, Видин и ќустендил од Бугарија, Македонија до р. Струма (без Егејскиот дел) и Северна Албанија. Непосредно по капитулацијата на Италија (IX 1943), и српската квислиншка влада на генералот Недиќ настапила со барање за создавање голема српска држава. Тој за тоа водел разговори и со Хитлер. Пред одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ (1943), се обединиле четничкото движење и српските граѓански политички партии врз програмата за „Голема Србија”, потврдена на Светосавскиот конгрес (25-28. Ⅰ 1944) во с. Ба, кај Валево. За Голема Србија, како хомогена српска држава, се предвидувало покраинско уредување. Градот Скопје бил предвиден за седиште на покраината „Јужна Србија”. По вториот договор на претседателот на Кралската влада шубашиќ со Тито (1. XI 1944) во Белград за создавање единствена Влада на Југославија, Кралската влада останувала на проектот за „Голема Србија”. Во 1945 г. само тој проект бил модифициран. Како алтернатива на авнојска Југославија, Пленумот на Централниот национален комитет на своето заседание (27. Ⅲ-11. Ⅳ 1945) усвоил документ насловен „Југословенска народна програма за уредување на Југославија како сојузна држава”, со економски самостојни федерални единици, со одделни армии (кои требало да ја составуваат југословенската армија, под единствено државно знаме) и со различно државно и општествено уредување. За Србија се барало: обезбедување државна самостојност, различно (монархистичко) уредување и граници за обединување на сите Срби, како нивно природно право и сенароден стремеж. Документот бил наменет за западните Сојузнички сили од кои се очекувала поддршка. Проектот „Голема Србија” одново бил реактивиран и операционализиран во последната деценија на минатиот век во времето на распаѓањето на СФРЈ. Реализирањето било спречено со воената интервенција на САД и на НАТО-силите. Експонирани застапници на оваа идеја имало во високите државни, политички и црковни кругови во Србија. ЛИТ.: Станишић, Пројекти „Велике Србије”, Београд, 2000; Балкански уговорни односи 1876-1996, Т. И (1876-1918); Ⅱ (1919-1945). Приредио Момир Стојковиќ, Београд, 1998. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *