ГОЛЕВ, Ристо Трифунов

ГОЛЕВ, Ристо Трифунов (Охрид, 12. Ⅻ 1933 – Охрид, 14. Ⅲ 1994) – офталмолог. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1959), а специјализацијата по офталмологија ја завршил во 1966 г. По враќањето во Охрид отворил очна амбуланта и го оформил првиот Кабинет за изработка на контактни леќи во РМ (1968), во кој самиот изработувал тврди, меки (1980) и гас пермеабилни леќи (1984). П. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *