ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ПРИРОДНОМАТЕМАТИЧКИОТ ОДДЕЛ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ПРИРОДНОМАТЕМАТИЧКИОТ ОДДЕЛ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ (1948− 1958) – научно списание за математика, физика, хемија, биологија и географија, по еден број годишно. Во 12-те броја се објавени 117 статии, од кои 40 по математика, 17 по физика, 9 по хемија, 18 по биологија, 25 по географија, 5 по геологија и 3 од техника. Наследници: „Годишен зборник на ПМФ – за математика, физика и хемија“ (1959−76), „Годишен зборник на Математичкиот факултет“ (1977− 83), „Годишен зборник на Институтот за математика“ (1994−97, 2001, 2004), „Годишен зборник − Посебни изданија“ − серија книги од научен карактер (и аналогни наслови за физика, хемија, биологија и географија). Н. Ц. „ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ‡ официјално гласило на Фарм. ф. во Скопје (1985-1989). Објавува оригинални научни трудови, куси соопштенија, ревијални трудови и стручни трудови од сите фармацевтски дисциплини. Главен уредник С. Бауер. Бр. Н.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *