ГОГУШЕВСКИ, Милан

ГОГУШЕВСКИ, Милан (Стру-мица, 21. Ⅰ 1924 – Скопје, 29. Ⅲ 2003) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа и предметот уредување на шумите. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1951), на кој и.г. е избран за асистент, подоцна докторира (1960) и станува доцент, а од 1970 г. е редовен професор. Плоден стручен и научен работник во неговата област, објавил бројни научни трудови во домашни и во странски списанија. Активен во општествено-политичките организации на Факултетот и Универзитетот. Бил декан на шумарскиот факултет (1986/87). Ал. Анд.