ГОВРЛЕВО

ГОВРЛЕВО -. село на 15 км југозападно од Скопје со повеќеслојна неолитска населба кај месноста Церје. Археолошки истражувања во 1982-1985 и 2000-2004 г. вршел Музејот на град Скопје. Во напластените културни слоеви, во дебелина од 4 м и на површинска опфатеност од над 4 хектари се содржат шест хоризонти на живеење низ кои се следат сите манифестации на македонскиот неолит (В-ИВ милениум пр.н.е.). Хоризонтот И е втемелен во здравица и во првичниот хумус, а временски се совпаѓа со раниот неолит, Анзабегово–Вршник И. Следните три хоризонти се развиваат низ средниот неолит, Анзабегово–Вршник Ⅱ–ИВ. ХоризонтотⅤприпаѓа на доцниот неолит и е паралелен со Зелениково Ⅱ, како и последниот Ⅵ хоризонт. Со оваа фаза е завршен животот на оваа населба во праисторијата, за пак да се актуализира подоцна во историскиот римски период. Куќите од неолитот се надземни, со влез од исток, имаат приближно квадратна основа и правилно се поставени во оските исток-запад, север-југ. Градени се во техника на плитар со поден премаз и набој, разделени на две простории. Во северната просторија во западниот агол била поставена калотеста печка, до која се потпира на јужната страна мелница-ноќви. Од подвижните наоди големо е присуството на керамички орудија, камени и коскени орудија и накит. Украсувањето на садовите е изведено со барботин, врежување, импресо, како и со сликање со бела и повеќенијансирана кафена боја, со мотиви од капки, паралелни линии и триаголници до кругови и спирали. Присутни се и разновидни антропоморфни форми и зооморфни статуетки, а како исклучителни се фигурите на Големата Мајка-Прародителка, машката фигура „Адам”, антропоморфната глава и патерата со врежани семантеми. ЛИТ.: Зоран Георгиев – Милош Билбија, Неолитска населба кај Говрлево, „Културно наследство”, IX, Скопје, 1982, 39-48; Милош Билбија, Церје – неолитска населба, АП, 1985, 35-36. М. Билб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *