ГЛОГ

ГЛОГ .(Цратаегус Л., фам. Росацеае) – родот опфаќа околу 1.500 вида од умерената зона на Северната хемисфера. Бодливи грмушки, ретко мали дрва, со цветови собрани во густи, штитовидни соцветија. Плодот (глогинка) е со една или со повеќе коскички. Декоративни видови, а листовите и цветовите на некои од нив се многу ценета фармацевтска суровина. Глоговите кај нас ги проучувал С. Џеков, според кој природно се застапени: Ц. моногѕна Јацк. (глог, црн глог), со црвени глогинки со една коскичка; Ц. ориенталис Палл. (бел глог, кучев глог), со густи и влакнави листови и со црвени глогинки со 3-5 коскички; Ц. хелдреицхии Боисс. (бел трн, сланушка), балкански ендемит, чии црвени глогинки се со 3-5 коскички. Новооткриени во РМ се: Ц. инцана Дж.; Ц. серицеа Дж.; Ц. цалѕцина Петерм. Ал. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *