ГЛИШИќ, Живоин

ГЛИШИќ, Живоин (Скопје, 27. Ⅶ 1954) – композитор. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1977) на Одделот по композиција, во класата на проф. Т. Зографски. По дипломирањето станува член на Танцовиот оркестар на Радио-телевизија Скопје. Денес е редовен професор на Факултетот за музичка уметност. Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови (Концерт за контрабас и гудачи, Псалм 109 за мешан хор, „Самоил”, кантата за машки хор и симЖивоин Глишиќ ник е на бројни награди (една од нив, за обработка на фолклорна тема „Со маки сум се родил јас” во Раденци, 1989). Многубројни изведби низ целиот свет доживува неговото дело „Прелудиум и Пајдушка”, за пијано-соло (2003), снимено за Радио Берлин. Автор на над 250 аранжмани за популарни песни. Б. Орт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *