ГЛАВИНИЧКА ЕПАРХИЈА

ГЛАВИНИЧКА ЕПАРХИЈА .(ст. гр. Глабен-в– една од првитетџхз) епархии на Охридската архиепископија. Главиница е третото мес-то каде што живеел свети Климент. Каде се наоѓал градот (познат и со грчкото име Кејал-ав) не се знае, веројатно во западниот дел од Охридско, кон морето. Главиничката епархија првпат се спомнува во списокот на епархиите од Лав Мудри (886–912). Кон крајот на XI в. била издвоена од Охридската архиепископија и би-ла приклучена кон Драчката митрополија, во ⅩⅠⅠⅠ в. му била вратена на Охрид, а во ⅩⅤ в. била укината и нејзината територија била приклучена кон Бератската епархија. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, И–Ⅱ, второ фототипно издание, София, 1995; Ратомир Грозданоски, Библијата во делата на свети Климент Охридски, Скопје, 2001; Иван Снегаров, Пак за епархията на св. Климент Охридски, Софи®, 1932; истиот, По въпроса за епархията на Климент Охридски. Сб. Климент Охридски 916-1966, София, 1966; Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Рат. Гр. Главинка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *