ГЛАВЕН ШТАБ на ДАГ

ГЛАВЕН ШТАБ на ДАГ (1946) – формиран по обединувањето на партизанските единици во Демократската армија на Грција (ДАГ), во состав: Маркос Вафијадис – командант, Георгиос Протопапас – заменик на командантот, Лам-брос Каникаридис, Георги Бланас и Панос Капетанеос, членови на штабот. Од 1.800 борци (1946), по обединувањето со силите на НОФ нивниот број пораснал на 30.000 борци. Во почетокот на Граѓанската војна ДАГ практикувала партизанско војување, а по отстранувањето на Маркос Вафијадис преминала на фронтално војување. ЛИТ.: Л. Пановска, Граѓанската војна во Грција 1946–1949, Скопје, 2003. Ст. Кис.