ГИПС

ГИПС – минерал од групата на сулфатите што кристализира моноклинично. Обично се појавува во многу убаво развиени кристали кои се развиени по страничниот пинакоид и притоа се плочести или пак игличести, издолжени по кристалографската оска (с). Многу чести се појавите на близнење, при што таквите примероци имаат изглед на опашка од ластовичка. Бојата на гипсот е обично бе-ла, сива или пак жолтеникава, а во некои случаи може да биде обоен со црвени нијанси. Тврдината му изнесува 2 (по Мосовата скала). Има совршена цепливост. На територијата на РМ се појавува во многу геолошки формации како хидротермален минерал, но најубавите кристали се сепак во наоѓалиштето во околината на Дебар. Бл. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *