ГИНОВСКИ, Иван Трпков

ГИНОВСКИ, Иван Трпков (Галичник, Реканско, 1878 – Галичник, 13. Ⅷ 1908) – учесник во Илинденското востание. Завршил егзархиска гимназија во Солун (1895). Бил избран за член на ОРК на ТМОРО за Галичник (1902). Активно учествувал во Илинденското востание. Се борел во Кичевско, во четата на војводата Наќе Јанев-Лавчанчето. По задушувањето на востанието бил избран за претседател на ОРК на ТМОРО за Галичник. ЛИТ.: Г. Трайчевъ, Книга за Мияацит‹, Софи®, 1941; Зборник на Панајот Ѓиноски од село Галичник од Дебарско. Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски, Скопје, 1995; Харалампие Поленаковиќ, Панајот Гиновски – зограф, етнограф, фолклорист и лексикограф. Избрани дела, кн. 2, Скопје, 1988, 592; Нина Анастасова-шкрињариќ, Панајот К. Ѓиноски, Скопје, 2000. М. Кит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *